организира
  
    
    
  
  
      
          
            
              организираат; организирајќи
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
    
    
	    
	      Ранг: 2045
	    
	
    
    
      
          1.
          Подготви, подготвува или приреди, приредува нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Јас велам да организираме бегање од оваа пустина. 
	              
	            
	          
	            
	              Студентите организираа бруцошка вечер.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  подготви (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Опфати, опфаќа, обедини, обединува група луѓе во една целина, во една организација.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Таа дури организира жени.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  опфати (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Формира, основа, образува нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тие веќе организираа власт. 
	              
	            
	          
	            
	              Треба да се организира некој род војска.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Среди, средува нешто, подреди, подредува нешто, внесе ред во нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој убаво ја организира работата во библиотеката.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  среди (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          (се организира) Се здружи, се здружува, се обедини, се обединува со некаква заедничка цел, се зачлени, се зачленува во некоја организација.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тие се организирале во здруженија на граѓани како невладина организација.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  здружи (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          организирање ср.
глаг. им.
          
          
        
      
        глаг. им.
          
          2. 
          организирачки прид.